Husamedin Gina
13 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
СКОПЈЕ (АА) - Република Турција со нивото на инвестициите е најголем странски инвеститор во Северна Македонија од земјите надвор од ЕУ. Ова беше истакнато на вечерашната промоција на книгата „Странските директни инвестиции од Република Турција и социо-економскиот развој на Република Македонија“ на Есфер Алији, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на промоцијата беа претставени сублимирани резултатите од сеопфатното истражување на авторот за странските директни инвестиции во Северна Македонија.
Од 1997 година до 2017 година странските инвестиции во земјата изнесувале 4,7 милијарди евра. Најголеми директни инвестицци во овој период се дојдени од Холандија, а потоа следат Австрија, Грција, Словенија и Унгарија, а од 2015 година на шесто место по СДИ се појавува Турција од каде од 1997 година до 2017 година влегле 252,3 милиони евра.
Авторот на книгата Есфер Алији, главен финансиски и административен директор во „Џевахир Холдинг", на промоцијата истакна дека целта при пишувањето на трудот била да се направи анализа на странски директни инвестиции во Северна Македонија, со посебен осврт на инвестициите кои доѓаат од Република Турција.
„Иако растот на СДИ од Република Турција и трговската соработка бележат значаен тренд на раст во последната декада, сепак детектираме дека сеуште има сектори и сегменти во македонкста економија каде што постојниот потенцијал за соработка не е искористен, што преставува солидна основа за понатамошни анализи и истражувања“, нагласи Алији.
Според соопштеното на промоцијата, Република Турција со нивото на СДИ е најголем странски инвеститор во Северна Македонија од земјите надвор од ЕУ. Според официјалните податоци, од Република Турција во Северна Македонија се регистрирани 1013 правни субјекти, има 48 регистрирани подружници, во нив се вработени 4.109 лица, со вкупна актива од 392 милиони евра.
Промоторот на книгата професор Борче Треновски, од Економскиот факултет во Скопје, за АА истакна дека е исклучителна важна темата имајќи предвид дека странските инвестиции на во Северна Македонија се единствен мотор кој може на краток рок да го зголеми економскиот раст.
„Капиталот на овие компании што се од Турција во Република Македонија е околу 390 близу 400 милиони евра. Што не е за потценување и со тоа Турција станува еден од најрелевантните странски инвеститори. Во 2018 е трет најголем странски инвеститор. Значи се движиме во позитивна насока има голема улога Република Турција, ова книга доаѓа во право време да даде поткрепа и основа како во иднина“, рече професор Треновски.
Професорката Шенај Хаџимустафа од Универзитетот на југоситочна Европа, од факултетот за бизнис и економија истакна дека книгата е насочена кон улогата што странските директни инвестиции ја имаат во социјално економскиот развој на земјата.
Таа исто така истакна дека книгата на Есфер Алији, дава детален опис на состојбата во Македонија и од економски и од општествен аспект со што читателите ќе добијат една добра престава и знаење за економската состојба во Северна Македонија.