САРАЕВО (АА) - На панел дискусијата „Еден регион, една економија - поврзување и потенцијал” во рамките на 8.Меѓународна инвестициска конференција „Sarajevo Business Forum“ (SBF) порачано е дека поврзувањето на регионот не треба да се ограничи исклучиво на поврзувањето на земјите на Југоисточна Европа, туку дека треба да се гледаат можности надвор од овој простор, јавува Anadolu Agency (AA).
Амер Капетановиќ, помошникот на министерот за надворешни работи на БиХ и модераторот на сесијата истакна дека не се работи само за физичко поврзување или само за автопати и патишта, туку и за создавање на единствена економија, како што гласи и самата порака на форумот.
„За да успееме во тоа, мораме да го најдеме својот пат во поглед на индустриските кластери во регионот, мораме да ги синхронизираме нашите економии, да ја поддржиме колку и да е можно мобилноста на работната сила и да укажеме на економијата на високи вредности”, изјави Капетановиќ.
Тој истакна дека ова е регион на многу компаративни предности во трговијата, инвестициите, во поглед на даноците, договорот за слободна трговија и слично, но напоменато е дека секое економско настојување, како што е создавање на една економија, мора да има свој столб, а тоа е, како што кажа тој, во овој случај инфраструктурата.
Стјепан Месиќ, поранешниот претседател на СФРЈ и на Хрватска истакна дека меѓународните економски односи моментално се под невиден притисок да се променат радикално, што, според негово мислење, би можело да претставува предизвик за земјите од регионот.
„Со оглед дека од правилата во меѓународните економски односи многу зависи компетитивноста и просперитетот на малите економии, а сите земји од нашиот регион се мали економии. Малите земји можат многу, но не можат да ја променат својата големина и големината на својот пазар”, изјави Месиќ.
Тој додаде дека малите земји имаат способност побрзо да се прилагодат на промените во системот, но промените во правец на економскиот национализам, протекционализам, изолациja и исклучивост, би ги нагласиле сите слабости кои ги носи малиот пазар.
„За земјите од нашиот регион особено е важно да се разбере што во овој момент се случува во меѓународниот економски поредок. Земјите на југоисточниот дел од Европа не можат да си дозволат да стојат пасивно во периодот на промени. Меѓународната економија повеќе од 25 години е обликувана со помош на идеи, отвореност, заедништво и поврзување”, порача Месиќ.
Поранешниот хрватски претседател истакна дека на Балканот потребата од економски развој е голема, со оглед на тоа што некои земји се на работ на економска пропаст.
„Доколку земјите во југоисточниот дел на Европа продолжат да ја следат новата мода на економскиот национализам, антирегионализам и да водат битки од минатото, тоа уште повеќе ќе ја разбуди економската сиромаштија”, истакна Месиќ.
Тој смета дека денес политиката на привлекување инвестиции во земјите од регионот мора да се обликува не само од национална, туку и од југоисточно-европска перспектива.
Истакна дека земјите во регионот мора да се ослободат од минатото, бидејќи тоа е единствениот правилен начин кон стабилноста, обединувањето и просперитетот.
„Како посебна препорака би навел дека поврзувањето на регионот е најсериозна стратешка преокупација. Ако односите меѓу земјите во регионот малку се влошат, следи враќање на перспективата на судирите пред 20 години. За економското поврзување потребни се поинакви политички одлуки, финансиски средства и напори на дипломатијата“, заклучи Месиќ.
Данило Турк, поранешниот претседател на Словенија истакна дека концептот на поврзаност треба повеќе да се цени и препорача дека напорите не треба да се ограничат исклучиво на поврзаноста на земјите од Југоисточна Европа, туку земјите од регионот треба да бидат свесни и за можностите кои лежат и надвор од овој простор.
„Овие можности се ЕУ, Турција, Средниот Исток, арапскиот свет и сите региони кои се околу нас. Мора да разјасниме што нѐ чека во иднина, а еве токму е СБФ е центарот за таква дебата“, рече Турк.
Тој порача дека е неопходно да се разбере оти постојат и други приоди кон реформските процеси.
„Економиите стануваат сѐ помалку зависни од политичкиот притисок што постои тука и тоа е случај што може многу добро може да ни послужи, тоа мора да го зајакнуваме, мора да бидеме практични и да размислуваме за можностите кои постојат во развојот на инфраструктурата“, порача Турк.
news_share_descriptionsubscription_contact
