Abdula Berisha
25 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Асоцијацијата на металната и електроиндустријата (МАМЕИ) од Северна Македонија денеска и утре го организира Саемот за лесна индустрија „Macedonia Manufacturing Expo 2019“, на кој се очекува учество на над 100 компании, јавува Anadolu Agency (AA).
На свечениот дел на саемот, присутни беа министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши, претставници од МАМЕИ, дипломати, бизнисмени, како и ученици од стручни средни училишта.
Министерот Бектеши истакна дека ваквите настани им додаваат додадена вредност на мерките и политиките кои ги презема власта.
Бектеши рече дека ова е добра можност за малите и средните компании за постигнување нови договори со странски партнери.
„Ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите настани, ќе ги поддржиме ваквите организации, сигурно дека во партнерство и со нашите меѓународни партнери, со единствена цел, нашите компании да бидат поконкурентни во регионот, на европско ниво, на глобално ниво, но во исто време создавајќи нови соработки, освојувајќи нови пазари, и да создаваат нови работни места во нашата земја“, додаде Бектеши.
Претседателката на МАМЕИ, Марта Наумова-Грнарова, нагласи дека ова е третпат што се организира овој саем, истакнувајќи дека секоја година се забележува поголем број на компаниите учесници.
„Оваа година воведовме и неколку новини во самиот настан. Покрај тоа што имаме присуство на компании од целиот регион, над 90 добавувачи, над 30 странски купувачи, за прв пат имаме експо зона во која шт се излагачи 22 компании од регионот и од Европска унија“, рече Наумова-Грнарова.
Во текот на презентациите беше наведено дека дел од овој дводневен настан е и едукативниот панел за учениците од средните стручни училишта, како и Б-2-Б-состаноците меѓу претставниците на компаниите од Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Грција, Словенија, Германија, Холандија и Јапонија.