Ekipa
31 Октомври 2021•Ажурирај: 31 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 349 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 202.552, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 12 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.132.
Институтот за јавно здравје регистрира 208 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 188.540.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 6.880.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.754 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.385.429 тестирања.