Admir Fazlagic
16 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 40 смртни случаи предизвикани од последиците на коронавирусот (Ковид-19), што е рекордна бројка на смртни случаи од овој вирус во едно деноноќие, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со ова, вкупната бројка на смртните случаи во земјата предизвикани од Ковид-19 изнесува 1.345.
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 591 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи на Ковид-19 во земјата се искачи на 47.636.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 439 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени изнесува 27.803.
Бројката на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 18.488.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.683 тестирања на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 293.872 тестирања.