Admir Fazlagic
16 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, во Берлин оствари работна средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во Министерството за надворешни работи на Германија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопшти прес-службата на Владата на Северна Македонија, на средбата премиерот Заев се заблагодари за целокупниот ангажман на Германија кон евроинтеграциите на Северна Македонија и Западен Балкан, посебно во рамките на нивното претседателство со ЕУ но и во рамките на Берлинскиот процес кој резултираше со неколку клучни договори и соработки кои беа потпишани на самитот во Софија на кој ко-домаќини беа премиерите Заев и Борисов.
Премиерот Заев го истакна очекувањето дека првата меѓувладина конференција со ЕУ ќе се одржи до крајот на оваа година.
Агендата на премиерот Заев продолжи со церемонијата и врачувањето на наградата за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата„Фридрих Еберт“(ФЕС) а ќе има и работна вечера со парламентарците во германскиот Бундестаг.