Furkan Abdula
16 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Агенција Анадолија (АА), Шенол Казанџи, упати сочувство до Бугарската национална новинска агенција (Бугарска телеграфска агенција - БТА) по повод смртта на генералниот директор на БТА, Максим Минчев.
Во писмото испратено до БТА, Казанџи нагласи дека со голема тага ја примил веста за смртта на Минчев.
„Го паметам господинот Минчев како личност кој даде голем придонес во унапредување на соработката и односите меѓу Агенција Анадолија и БТА. Меѓу регионалните и меѓународни медиумски организации, тој ја подигна својата позиција на пазарот како висока фигура“, рече Казанџи.
Тој нагласи дека неговите мисли се со тимот на БТА, упатувајќи сочуство и до семејството на Минчев.
„Агенција Анадолија ја споделува нивната тага и стои покрај нив во овие тешки денови“, додада Казанџи.
По повод смртта на Минчев, порака со сочувство упатија и членовите на Управниот одбор на Алијансата на новински агенции на Балканот и Југоисточна Европа (АБНА-СЕ); генерална директорка на Телеграфската агенција на Албанија (АТА), Армела Красниќи, која воедно е и претседателка на АБНА-СЕ; Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Агенција Анадолија (АА), Шенол Казанџи како и генералниот директор на грчката новинска агенција „АНА/МПА“, Микалис Псилос, кој воедно е и генерален секретар на АБНА-СЕ.
На 67-годишна возраст почина Максим Минчев, генералниот директор на Бугарската национална новинска агенција (Бугарска телеграфска агенција - БТА), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на БТА, Максим Минчев почина на 67-годишна возраст.