Gorana Jakovljevic
16 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
БАЊА ЛУКА
Не сум среќен, тажен сум што го загубивме градоначалничкото место во Бања Лука, изјави Милорад Додик претседател на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што истакна Додик, жали што Бања Лука „вака постапила кон Игор Радојчиќ, бидејќи тој тоа не го заслужил."
„Радојчиќ добро и сериозно ја вршеше својата работа, не ми е пријатно што ја загубивме Бања Лука", рече Додик и додаде дека Радојчиќ е еден од најуспешните градоначалници кои Бања Лука ги имала.
Додик додаде дека сметаат оти поразот може да биде и можност и ќе се обидат да ја искористат таа можност.
„Ние имавме 40 општини, наши градоначалници, по овие избори сега имаме 41, што говори за тоа дека во три града кои не ги имавме досега - Приједор, Добој и Источно Сараево, ги добивме на изборите", рече Додик, но и изрази жалење „не поминале добро" во Бијељина.
Додик рече дека од денес тој ќе биде претседател на граѓанскиот одбор на СНСД во Бања Лука, дека ќе влезе во реформа на партијата и ќе почне да се подготвува за избори во 2022 година.
Драшко Станивуковиќ, кандидат на Партијата на демократски прогрес (ПДП) за градоначалник на Бања Лука, изјави дека тие победиле на изборите.
„По 22 години, во Бања Лука победи човекот и она човечкото во него", рече Станивуковиќ.
Истакна дека ова е најсреќниот ден во модерната историја на Бања Лука и Република Српска.
Потенцираше дека ќе ја развива Бања Лука како отворен, пријателски град, дека ќе вложува во економијата за да секој има можност за работа во која ќе може да напредува без партиска книшка.