Zlatan Kapiç
07 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
БАЊАЛУКА (AA) - Отворањето на Ферхат-пашината џамија во Бања Лука е порака на мир на сите народи во Босна и Херцеговина и на сите луѓе во светот, а Босна и Херцеговина е единствено битие, едно срце кое не може да да се дели, порача во сабота во Бања Лука премиерот на Република Турција Ахмет Давутоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
„Денес сум му благодарен на Господ што доживеав со Вас да го поделам овој историски ден", рече Давутоглу по поздравот упатен на присутните.
Давутоглу се присети на својот престој во БиХ од порано.
Кога дојдов пред четири години во БиХ за рамазан, реков дека кога светот би исчезнал, а останало само Сараево, светот од таму би можел повторно да биде роден. Тогаш преведувачот не ни заврши, а домаќините аплаудираа. Тогаш на својот преведувач му реков дека нема потреба за преведување кога се зборува од срце и тоа не само со своето срце, туку со срцето на 78 милиони Турци кои тука ги претставувам.
„Знајте дека срцата на 78 милиони Ваши пријатели денес се тука. Но не само денес, туку секогаш. Знајте дека кога на некого овде носот му крвари, на нас ни крвари срцето. Знајте, кога се оштетува само камен од џамијата, кај нас се чувствува како земјотрес", рече Давутоглу.
Турскиот премиер се присети на настан од пред 23 години кога Ферхадија беше срушена со динамит. „Таа вест ја примив во Малезија и околу себе имав студенти од БиХ, и ни беше многу тешко. Подоцна таму во посета престојуваше господин Алија Изетбеговиќ и заедно плачевме".
„Да се биде присутен тука 23 години после тоа е една од најголемите чести во мојот живот, а иако не физички, духовно е присутен и Алија", додаде Давутоглу.
Кога 2011 година бил во Бања Лука, рече Давутоглу, градбата на Ферхадија беше подзастаната "и тогаш како министер за надворешни работи издадов налог дека изградбата мора да биде продолжена. Фала му на Бога денес ја ја отвораме. Им се заблагодарувам на сите кои допринесова за нејзино отворање".
Отворањето од три аспекта е значајно, смета Давутолгу, а првин чувството на совест. Пред 23 години, тие кои ја минирале џамијата, како што рече, не ја минирале само џамијата, туку човечката совест, свест и човечност. Градејќи на џамијата, нагласи турскиот премиер, ја градиме таа совест. Верските лидери присутни во Бања Лука сведочат за тоа.
„Додека тука има џамии, додека има езан, гласот на човечката совест од Бања Лука ќе допира до небото", рече турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Вториот важен аспект на отворањето на Ферхадија, како што рече е "нашато заедничко културно наследство. Нека се знае дека целото наше наследство ни припаѓа на сите заедно и заедно ќе го чуваме".
Додаде дека "никој не треба да преиспитува зошто сме тука, тука сме заради братство, убавината ... Дојдовме поради мултиетничноста, поради Босна и Херцеговина".
„Бевме, сега сме и засекогаш остануваме тука", рече турскиот премиер. Во своето обраќање тој се осврна и на иднината на БиХ.
„Трета важна ставка е иднината на Босна и Херцеговина. Таа е единствена и со сите народи и конфесии е едно битие, едно срце. Оние кои сакаат да ја делат,го делат нејзиното срце. Бањалука никогаш не може да се раздели од Сараево, ниту Сараево од Мостар. Затоа животите ги загубија жртвите во Сребеница и на нив се присетуваме денес како и секоја година кога се собираме во Сребреница. Отворањето на Ферхадија е порака на мир за сите, сите народи во БиХ и во светот. Таа порака мора праилно да се толкува. Малку има градови во светот како што е Сараево каде така блиску се разни верски зданија. Можеби уште во Истанбул. Ако се сочува тој карактер, тогаш ќе се сочува и благосостојбата на народот. Нека господ ја поживее таа убавина ширум БиХ. Нека Господ даде мир на сите народи во БиХ, да живеат во благосостојба заедно и нека го сочува единството на Босна и Херцеговина.Никогаш да не се повтори тоа што се случи во БиХ", рече турскиот премиер Ахмет Давутоглу.