Bojana Stojanovic
05 Септември 2018•Ажурирај: 05 Септември 2018
БЕЛГРАД (АА) - За Србија прашањето на Република Српска и српскиот народ во Босна и Херцеговина е прашање од национално значење број еден, изјави денес министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, апелирајќи до сите да не заборават дека Република Српска е една и затоа сите да водат сметка за нејзината иднина и односите со Србија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тој во Бања Лука се состана со претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Инаку, во Бања Лука денес започна неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
По состанокот, на прес-конференцијата, министерот Дачиќ нагласи дека Република Српска има поддршка од Србија и апелираше до сите да не заборават дека Република Српска и затоа сите да водат сметка за нејзината иднина и односите со Србија.
„За нас прашањето за Република Српска и српскиот народ во Босна и Херцеговина е прашање од национално значење број еден“, истакна Дачиќ.
Тој нагласи дека Србија нема намера да го дестабилизира овој простор. Повтори дека во врска со важните животни прашања не треба да се прави политичка приказна, и дека на граѓаните најважен им е просперитетот.
Министерот Дачиќ рече дека државниот врв на Србија на 17 септември ќе дојде во Бања Лука, кога во Република Српска ќе допатува рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, потсети на заедничките активности на РС и Србија и му се заблагодари на министерот Дачиќ за поддршката на Република Српска. Истакна декла Србите во Република Српска и Србија се еден народ.