Ekipa
08 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 702 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 181.620, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 24 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.153.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.119 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 161.515.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 13.952.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 6.480 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.203.819 тестирања.