Husamedin Gina
22 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се потврдени 90 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупниот број на заразени со овој вирус во земјата се искачи на 5.196, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство, регистрирани се 9 смртни случаи со што вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 порасна на 247.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупната бројка на оздравени пациенти е 1.974.
Во моментот, бројот на активни случаи со овој вирус во земјата изнесува 2.975.
Во последните 24 часа направени се 665 тестирања за Ковид-19. Досега во земјата се извршени вкупно 51.885 тестирања за овој вирус.