Muhammet Kurşun
22 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран, во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 119 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 9.742, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, изјави дека во истиот период се потврдени 2.573 нови случаи на вирусот и дека вкупниот број на заразени во земјата достигнал 207.525.
Лари, истакнувајќи дека 2.898 заразени лица се наоѓаат во критична состојба, рече дека се излекувани 166.428 лица кај кои претходно е потврдено присуство на Ковид-19.
Таа напомена дека покрај покраината Хузестан, уште неколку покраини биле прогласени за црвена зона, како Хурмузган, Кирманшах, Источен Азербејџан и Систан-Белуџистан.
Според портпаролката, и покраините Фарс и Кирман се ризични.
Таа додаде дека во земјата се направени вкупно 1.449.420 тестирања за Ковид-19.
Во Иран, Ковид-19 за првпат беше евидентиран на 19 февруари, во градот Ком.