Husamedin Gina
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се потврдени 118 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупниот број на заразени со овој вирус во земјата се искачи на 5.311, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство, регистрирани се 4 смртни случаи, со што вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 порасна на 251.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти е 2.048.
Во моментот, бројот на активни случаи со овој вирус во земјата изнесува 3.012.
Во последните 24 часа направени се 1.363 тестирања за Ковид-19. Досега во земјата се извршени вкупно 53.248 тестирања за овој вирус.