Malik Hasa,Furkan Abdula
30 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
ТИРАНА (АА) - Група од 30 војници од вооружените сили на Албанија денес е испратена во Авганистан, каде што ќе учествуваат во мировната мисија на НАТО „Одлучна поддршка“, јавува Anadolu Agency (AA).
Прошталната церемонија беше организирана во главниот град Тирана, а на неа присуствуваа министерката за одбрана на оваа земја, Мими Koдели, советникот на амбасадорот на Турција во Албанија, Џем Баш, претставници на вооружените сили на Албанија, многу семејства и гости.
Министерката Koдели во својот говор истакна дека албанските војници во мисијата во Авганистан ќе извршуваат тешки задачи, и на тој начин ќе придонесат за мирот и стабилноста во земјата.
Исто така, таа нагласи дека албанските војници активно ќе дадат поддршка во борбата против тероризмот, и додаде дека денес е неопходна одлучна борба против насилството и екстремизмот.
Кодели им се заблагодари на сите сојузни вооружени сили кои ѝ даваат поддршка на албанската војска, особено истакнувајќи ги турските и италијанските безбедносни сили.