Балкан

Во Македонија и во светот одбележани 80 години од смртта на Ататурк

Низ Турција, но и во дипломатските претставништва на оваа земја низ светот, се одбележува 80. годишнина од смртта на Мустафа Кемал Ататурк.

Ekip  | 10.11.2018 - Обновена : 11.11.2018
Во Македонија и во светот одбележани 80 години од смртта на Ататурк (Фото: Амбасада на Република Турција во Скопје)

Skopje

СКОПЈЕ (AA) - Со едноминутен молк и со интонирање на химната на Република Турција, во амбасадите на оваа земја во Скопје, Тирана, Приштина, како и во амбасадите на другите земји од регионот и од светот, оддадена е почест на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, кој почина пред 80 години, на денешен ден во 9.05 часот, јавува Anadolu Agency (AA). 

Низ Турција, но и во дипломатските претставништва на оваа земја низ светот, се одбележува 80. годишнина од смртта на Мустафа Кемал Ататурк. 

На церемонијата која се одржа во Амбасадата на Турција во Скопје присутни беа турската амбасадорка во Скопје, Тулин Еркал Кара, министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Аднан Ќахил, турските политичари во земјата, претставниците на турските организации и институции во земјата, како и персоналот на амбасадата.

Централната манифестација по повод 80. годишнина од смртта на Ататурк е приредена на платото на „Антикабир“, Мавзолејот на Ататурк во Анкара, каде што присуствуваа бројни државни функционери, меѓу кои турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, претседателот на турското Големо народно собрание (ТБММ), Бинали Јилдирим, членови на Претседателскиот кабинет, претставници на законодавната власт, извршната и правосудната власт, како и претставници на политичките партии во земјата.

Церемонијата започна во утринските часови, со марш на кој присуствуваа високите функционери. 

Претседателот Ердоган положи венец во Мавзолејот, по што точно во 9:05, во часот кога почина првиот претседател на Турција, Ататурк, се одржа молк и беше интонирана химната на Турција. Ердоган се потпиша и во Книгата на сеќавање во „Аниткабир“. 

По официјалната церемонија, „Антикабир“ беше отворен за посетители. 

Ататурк е роден во 1881 година, во градот Солун, тогашно Османлиско Царство. Најголемата воена слава ја стекнал предводејќи ги Турците борци во битката на Чанаккале. 

По периодот на Османлиското Царство, по завршувањето на Првата светска војна, Ататурк ја предводеше турската Војска во Ослободителната војна. 

Како основач и претседател на Република Турција, земјата ја трансформирал во модерна држава. Починал на денешен ден, 1938 година, на возраст од 57 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın