Agim Sulaj
21 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа 19 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 904, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 711 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 33.588.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.633 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 129.355 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 20.493 лица. Моментално има 12.191 активен случај.