Zylfije Adem Jakupi
01 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово починаа 10 лица од последици предизвикани поради заразеност со Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 1.026, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот Инситут за јавно здравје на Косово информираше дека во последните 24 часа во Лабораториите за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории низ земјата тестирани се 1.375 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 521 биле позитивни.
Досега се регистрирани вкупно 40.117 лица позитивни на Ковид-19 од вкупно 145.363 спроведени тестирања за кои постоело сомневање дека се заразени со коронавирусот.
Во текот на последните 24 часа оздравеа 585 пациенти, вкупно 25.586 оздравени од почетокот на епидемијата. Бројката на активни случаи во земјата изнесува 13.505.