Bojana Stojanovic
01 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во изминатите 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 48 лица, додека заразени се уште 7.999 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од почетокот на епидемијата во земјата регистрирани се 183.437 случаи на вирусот.
Од вчера, тестирани се 22.837 лица, од кои 7.999 се позитивни на Ковид-19.
Во истиот период починаа 48 лица, со што бројот на досега починати се зголеми на 1.652. Процентот на смртност изнесува 0,90 отсто.
На респиратори се приклучени 269 пациенти.
Во Србија досега за Ковид-19 тестирани се 1.800.419 граѓани.