Stipe Majic
01 Декември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
ЗАГРЕБ
Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска соопшти дека денес се регистрирани 2.900 нови случаи на зараза со Ковид-19 и дека 75 лица се починати од последиците на вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа се забележани 2.900 нови случаи на зараза со Ковид-19, a бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува 21.250, информираше хрватскиот штаб за цивилна заштита.
Меѓу нив 2.351 пациент се наоѓа на болничко лекување, од кои 245 пациенти се врзани на респиратор.
Починаа 75 лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, до сега се детектирани 131.342 лица позитивни на коронавирусот, од кои 1.861 починаа. Вкупниот број на оздравени пациенти изнесува 108.231, од кои 3.032 во последните 24 часа“, соопшти Штабот за цивилна заштита.
Во самоизолација во моментов се наоѓаат 46.830 лица.
Досега во Хрватска се тестирани 759.014 лица, од кои 9.668 во последните 24 часа.