Stipe Mayiç
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
ЗАГРЕБ (AA) - По повод најавата за воведување на обврзувачки едномесечен воен рок од страна на државното водство, денеска во Загреб пред Министерството за одбрана на Хрватска (МОРХ) одржани се два протести. Едниот го организираа здруженијата на бранители, кои се „за" и други од Работничкиот фронт (РФ) која е „против" наметнување на обврзувачкиот воен рок, јавува Anadolu Agency (AA).
Бранителските здруженија се собраа пред влезот во МОРХ, околу шеесетина демонстранти, поголемиот број од нив поранешни бранители и воени инвалиди, а дојде да ги поддржи независниот пртеник во саборот Жељко Гласновиќ.
Протестот на групата која се спротиставува на воениот рок е во организација на Работничкиот фронт (РФ) започна половина час подоцна, нешто подалеку од зградата МОРХ, во Паркот на Крал Петар Крешимир IV.
Двете групи на идеолошки спротиставените демонстранти го делеше поголем број на интервентни полицајци, поради што немаше инциденти меѓу нив.
Воените ветерани сметат дека „одмрзнувањето" на воениот рок било корисно за хрватското општество и државата.
Дражен Шемовчанин, организатор на протестите и претседател на Здружението на хрватските бранители РХ од Ѓурѓевац, рече дека месец дена била само темелна воена обука и предложи три месеци обука плус три месеци специјалистичка обука.
Бранителите на протестот како аргумент за воениот рок ја земаат можноста за нов воен судир во кој би била вклучена и Хрватска, при кој сите способни мажи постари од 18 години би биле воено обврзани но не би биле обучени, за што сметаат, дека би имало катастрофални последици.
Генералот Жељко Гласновиќ рече дека демонстрантите кои се против воениот рок дека „тие не му се спротиставуваат само на воениот рок, туку и на хрватската држава".
„Уште не помина опасноста на великосрпскиот империјализам, ја имате Република Српска, никогаш не биле поблиску до хрватската граница", порача Гласновиќ.
Од друга страна, зад кордонот на интервентната полиција на протестот на РФ се собраа околу стотина луѓе, повеќето од нив млади, кои со звуците на тапаните на голем транспарент порачаа „Нема да гинеме за тајкуните и политичарите“.
Носеа бројни други транспаренти, на кои пишуваше: „Работник , а не војник", , „Не, за војна меѓу народите, не, за мирот меѓу класите", „Војната е готова, не на милитаризацијата на општеството", „Државата убива“, „Не одел во војска, воведува воен рок“ со фотографијата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, „Феминистки против милитаризација и фашизација", „Топовското месо не го храни гладниот народ" и други.
Давид Билиќ од РФ порача: „Што знае оваа влада, а да не знаела пред 10 години? Бидејќи, овие лиѓе кои сакаат да воведат воен рок, го укинаа!"
Билиќ истакна дека повеќето млади луѓе, кога тоа било овозможено, воениот рок го служеле во или го избегнувале. Предупреди на се поголемо иселување на младите од државата поради невработеноста.
Воведувањето на образовниот воек рок или воена обука во траење од месец дена го најави хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ уште во својата предизборна кампања, а реализацијата на таа идеја пред неколку недели ја промовираше хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ поддржан од премиерот Андреја Пленковиќ.