Ekipa
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
СОЛУН (АА) - Десетици илјади луѓе беа евакуирани од грчкиот град Солун, со цел експертите да деактивираат бомба тешка 225 килограми од Втората светска војна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата денес ја посети секоја куќа за да ги информира жителите кои живеат во радиус околу два километри од бомбата дека мора да ги напуштат своите домови.
Многумина ги напуштија своите домови со автомобили, но голем број од нив беа пренесени во училишта, спортски сали и во центри за култура во друг дел од градот.
Властите веруваат дека околу 75.000 луѓе се евакуирани, претежно од западното предградие „Kорделиот“ каде што беше прогласена вонредна состојба.
Во процесот на евакуација вклучени се околу 1.000 полицајци и 300 волонтери.
„Ова е првпат вакво нешто да се случува во Грција“, рече гувернерот на Солун, Вула Патулиду.
Бомбата, која датира од 40-тите години на минатиот век, беше пронајдена на почетокот на февруари при проширување на резервоар под бензинска пумпа, а деактивирањето ќе трае околу шест часа.