Gorana Jakovljevic
29 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
САРАЕВО
Во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа регистрирани се 322 нови случаи на зараза со коронавирус, а пријавени се 2 смртни случаи од последиците на заразеност со Ковид-19, известува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 24 часа во Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ пријавени се 1.219 примероци, од кои 242 се позитивни на Ковид-19. Досега е спроведено тестирање на 797.249 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 139.901 примерок биле позитивни.
Во последното деноноќие во ФБиХ пријавен е еден смртен случај, вкупно 5.588 од почетокот на пандемијата.
Во Република Српска во последните 24 часа тестирани се 237 примероци, од кои 77 бил позитивни на Ковид-19.
Во истиот период во РС не е пријавен ниту еден смртен случај.
Досега во РС коронавирусот е детектиран кај 66.386 лица, од кои животот го загубија 3.859 лица позитивни на вирусот. Тестирани се вкупно 299.313 лица.
Во последното деноноќие во дистриктот Брчко детектирани се три лица позитивни на Ковид-19, а регистриран е еден смртен случај предизвикан поради заразеност со Ковид-19.