Zülfiya Yakup
25 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
ПРИШТИНА (АА) - Косовскиот министер за надворешни работи соопшти дека не е воведена забрана за косовските возила со регистарски таблички од Босна и Херцеговина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од МНР на Косово изразуваат жалење за застојот што се случил минатата ноќ, кога на возилата со регистарски таблички од БиХ не им беше дозволено да влезат на територијата на Косово.
„Министерството за надворешни работи на Косово ги информира сите граѓани дека нема да има пречки во слободното движење на возилата со регистарски таблички од Босна и Херцеговина, и дека им е дозволено да влезат во Косово. Министерство за надворешни работи изрази жалење поради доцнењето и застојот што се случи минатата ноќ“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Косово.
Некои косовски медиуми објавија дека Владата на Косово вовела реципрочни мерки за возилата со регистарски таблички на БиХ и дека голем број возила синоќа се вратени на граничниот премин Мердаре.
Возилата од Косово не може да влегуваат во Босна и Херцеговина, а на сила е заемниот визен режим за граѓаните на двете земји.