Zülfiya Yakup
03 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
ПРИШТИНА (АА) - Вицепремиерот на Република Македонија Бујар Османи денеска престојува во официјална посета на Косово, во рамките на која се состана со неговиот колега, вицепремиерот на Косово, Енвер Коџај при што беше соопштено дека во поскора иднина ќе се организира состанок на двете Влади на Косово и Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На заедничката прес-конференција на потпретседателите на Владата на Косово и Македонија, кажано е дека односите на двете земји се одлични, но дека има простор за продлабочување на соработката во сите области.
Османи кој е вицепремиер во Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, изрази задоволство што е прво официјално лице на Македонија, кое се состанува со новата Влада на Косово. Тој изјави дека освен со Хоџај, одржал состанок и со првиот заменик премиер на Косово, Беџет Пацоли.
Според зборовите на Османи, Косово е еден од најблиските политички пријатели и важен економски партнер со кој Македонија сака уште повеќе да ги продлабочи билатералните односи во сите сфери.
Потсетувајќи дека Македонија 12 години е земја кандидат за членство во ЕУ, а од пред 17 години потписничка на Договорот за стабилизација и придружувањем тој истакна дека неговата земја има многу искустви во европските интеграции кои може да ги пренесе на Косово.
„За да се динамизираат односите на двете земји потребен е заеднички состанок на двете влади, кој ќе биде платформа на која потоа ќе се градат останатите односи. Разговаравме за тоа и се надеваме дека до заеднички состанок на двете Влади ќе дојде по локалните избори“, изјави Османи.
Разговарано е и за изградбата на автопатот Приштина-Скопје, кој од косовската страна е речиси завршен, додека Македонија има да изгради околу 13 километри од својата страна на територијата.
Хоџај истакна дека е разговарано и за трговската размена, и можностите на отстранувае на бариерите за соработка во таа област.
„За нас Македонија е и важен политички партнер кој го призна и го поддржува Косово, но е важен економски и трговски парнер со кој имаме интензивна размена на нашите економии. Исто така ни е и општествен парнер бидејќи еден голем дел од граѓаните кои живеат во Македонија и кај нас во Косово има ист идентитет со што се гордееме“, изјави Хоџај.