Admir Fazlagic
21 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
СКОПЈЕ
Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да биде продолжен полицискиот час до 6 април со цел спречување на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април", се вели во соопштението на Владата.
На 9 март на седница на Владата на Северна Македонија донесена е одлука за воведување на полициски час со цел спречување на ширењето на коронавирусот, во траење од 22:00 до 05:00 часот. Забраната за движење во сила стапи на 10 март, а траеше до 22 март.
Како што беше соопштено, анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект.
Во државата за првпат беше воведен полициски час во март минатата година, во различни временски периоди, со цел спречување на ширењето на коронавирусот, а на 27 мај во рамки на мерките за ублажување, беше донесена одлука за негово укинување.