Ekipa
04 Септември 2021•Ажурирај: 05 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 708 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 179.587, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 32 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.045.
Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 158.441.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 15.101.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 7.174 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.182.940 тестирања.