Admir Fazlagic
11 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
СКОПЈЕ
Владата на Република Северна Македонија на 69-та редовна седница донесе одлука, забраната и посебниот режим на движење (полицискиот час) на населението и возилата од јавен превоз од 13 мај 2021 почнува од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година", се вели во соопштението на Владата по седницата
Се навдува дека од 12 мај 2021 година, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.
„Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од 12 мај 2021 година", информират од Владата.
Претходно, Владата на Северна Македонија соопшти дека од 28 април, забраната за движење почнува од 21:00 часот и трае до 05 часот, отворените делови на угостителските објекти ќе работат до 20:30 часот, а новите мерки ќе важат до 15 мај. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење е вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан бајрам.