İhvan Radoykov
19 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
СОФИЈА (АА) - Бугарскиот Парламент го одобри купувањето на двата воени брода за потребите на Морнарицата на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во усвоената одлука на бугарскиот Парламент се наведува дека бродовите мораат да бидат од повеќенаменски тип и адекватни за операциите на НАТО и ЕУ.
Парламентот, за тоа купување, одобри од буџетот да се издвојат 984 милиони бугарски лева (505 милиони евра).
Планот е првиот брод да биде испорачан по 5, а другиот по 6 години откако Владата на Бугарија ќе потпише договор со снабдувачот.
Владата на Бугарија веќе прими понуди од осум произведувачи.
Новите бродови во инвентарот на Бугарската морнарица би требало да заменат три стари воени брода од руско производство.
Парламентот на Бугарија на 8 јуни одобри купување на 16 воени авиони и 154 оклопни возила за потребите на вооружените сили на оваа земја.