İhvan Radoykov
31 Август 2018•Ажурирај: 01 Септември 2018
СОФИЈА (АА) - По сообраќајната несреќа што се случи на 24 август, во која настрадаа 17 лица, тројца бугарски министри поднесоа оставки, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Владиниот центар за медиуми е соопштено дека премиерот Бојко Борисов ги прифатил оставките на министерот за промет, Ивајо Московски, министерот за регионален развој, Николај Нанков, и министерот за внатрешни работи, Валентин Радев.
Радев и Нанков на заедничката прес-конференција изјавија дека поднеле оставки за да дадат придонес за истрагата за сообраќајната несреќа, која е во тек.
Наведувајќи дека премиерот Борисов бара да преземат одговорност по несреќата, министрите додадоа дека се свесни оти нивната оставка нема да донесе решение, но дека нивната постапка укажува на „политичка одговорност“.
Се наведува дека Московски поради здравствени проблеми не присуствувал на конференцијата, и дека конечната одлука за оставките ќе биде донесена по гласањето во Парламентот.
Во сообраќајната несреќа што се случи на 24 август во населбата Своге загинаа 17 лица, додека 20 се повредени. По несреќата се тврдеше дека фирмите што се задолжени за изградба и одржување на патот користеле неквалитетен материјал.