Abdula Berisha
23 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 29 излекувани пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани пациенти во земјата од овој вирус се искачи на 301, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 24 часа во земјата не е регистриран смртен случај, а досега од Ковид-19 починаа 56 лица.
Од Министерството исто така информираат дека се потврдени 41 нов случај на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјата изнесува 1.300.
Во изминатото деноноќие направени се 649 теста, со што досега во земјата се направени вкупно 13.649 тестирања за Ковид-19.
Според најновите владини мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час секој работен ден, од понеделник до петок, ќе биде од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.
За време на викендите забраната за движење ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.