СОФИЈА (АА) - ИХВАН РАДОЈКОВ
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, во интервју за Anadolu Agency (AA) говореше за околу претседавањето на Бугарија со Советот на Европската Унија (ЕУ), односите меѓу неговата земја и Турција, отварањето на црквата Свети Стефан во Истанбул каде 7 години се вршеше реставрацијата, а се осврна и на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција.
Борисов информираше дека од 1 јануари оваа година Бугарија е нов председавач со Советот на ЕУ.
Иако Западен Балкан во последно време не е на дневниот ред, Борисов рече дека „регионот на Балкан секако ќе биде една од точките во фокусот во текот на бугарското претседавање со Советот на ЕУ."
Во однос на тоа какви се неговите очекувања во текот на овој период кога станува збор за членството на Турција во ЕУ, Борисов рече: „Всушност, периодот на претседавањето со Советот на ЕУ, не е синоним за управување со Унијата. Сите големи одлуки во рамките на ЕУ се носат со гласање."
Босисов рече дека според неговото мислење договорот на ЕУ и Турција околу мигрантската криза се „спроведува на најдобар можен начин.“ Бугарскиот премиер истакна дека треба да се водат добри дипломатски односи со Турција.
„Ние како ЕУ и Бугарија не сме само соседи со Турција, туку Турција како земја која има најголема војска во ЕУ, истовремено претставува јужна гранка на НАТО. Ние треба повторно да ги развиеме дипломатските и добрите односи со Турција и колку што е можно, на максимално ниво, да имаме доверба во Турција“ нагласи Борисов.
- „Можно е пријателство помеѓу муслиманска и христијанска земја"
Борисов се осврна и на отварањето на црквата Свети Стефан во Истанбул, позната и како железна црква, каде веќе 7 години се вршеше реставрација, и потсети дека отварањето на црквата ќе се одржи на 7 јануари, во недела, каде ќе присуствува заедно со турскиот претседател, Ердоган. Борисов го поздрави гестот на Турција која даде финансиска поддршка за реставрирањето на оваа црква.
„Таа претставува една добра можност за жителите на Истанбул, туристите и лицата кои имаат иста вера со нас. Со ова се покажува дека можно е да има пријателство, меѓусебно разбирање и добра волја меѓу една муслиманска и една христијанска земја“, истакна Борисов, нагласувајќи дека Турција е нивен најголем сосед. На средбата со турскиот претседател Ердоган која ќе ја реализира во рамките на утрешната посета на Турција, Борисов рече дека ќе разговараат околу повеќе теми меѓу кои и за одлуката на САД за прогласување Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, војната во Сирија, прашањето околу Крим, и проектите во областа на енергетиката.
- „Без Турција не можеме да се справиме во борбата со тероризмот и миграциите"
Од друга страна, Борисов укажа на улогата на Турција во спречувањето на илегалните миграции, и додаде: „Имаме прекрасна соработка со Турција во граничните премини“. Бугарскиот премиер истакна дека членството на Турција во ЕУ не зависи од нивните одлуки, туку, како што рече тој, тешките одлуки кои ќе бидат донесени во унијата.
„Без Турција не можеме да се справиме било со тероризам или мигрантски тек. Бугарските безбедносни служби се во добра соработка со турските безбедносни служби“, рече Борисов.
Истакнувајќи дека односите меѓу Бугарија и Турција постигнале нова динамика, Борисов вели дека неговата земја е отворена за претпријатијата од турскиот бизнис сектор.
Меѓу другото, премиерот на Бугарија, Борисов, се осврна и на обидот за државен удар на 15 јули во 2016 година во Турција, и истакна дека тој бил првиот политичар од Европа кој го посетил и дал поддршка на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Борисов нагласи дека обидот за државен удар не беше со цел остранување од власт, туку убивање на претседателот Ердоган.
„Поради овој став за поддршка на Ердоган, добив критики, и им одговорив на овој начин. Ние ги земаме како основа сите вредности на демократијата. Не е прифатлив метод за преземање на власта преку отворање оган врз цивилите со воени хеликоптери и авионите од типот Ф-16. Токму поради тоа му дадов поддршка на претседателот Ердоган“, додаде премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.
news_share_descriptionsubscription_contact
