Elvır Hodzıc
10 Октомври 2024•Ажурирај: 11 Октомври 2024
БЕЛГРАД - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечер ќе отпатува во дводневна посета на Србија, а во знак на добредојде на улиците на Белград веќе се поставени турски и српски знамиња, јавува Анадолу.
Турскиот претседател Ердоган денеска пристигна во официјална посета на Албанија, а по посетата на Тирана, ќе отпатува за Србија, каде што ќе разговара со неговиот српски колега Александар Вучиќ. Ердоган ќе присуствува и на седницата на Високиот совет за соработка меѓу двете земји и ќе земе учество на бизнис форумот.
Ердоган треба да пристигне во Белград вечерва, каде ќе биде пречекан на аеродромот Никола Тесла.
Средбата со претседателот на Србија, Вучиќ е закажана за утре во 11:20 часот во Палатата Србија, пред која претходно ќе биде организиран и свечен дочек.
Четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Туркије, предводена од Ердоган и Вучиќ, ќе се одржи утре во 12:05 часот.
Потпишувањето на билатералните договори, со присуство на двајцата претседатели, е закажано за 13 часот, по што на прес-конференција ќе се обратат двајцата лидери.
На бизнис форумот закажан за 16 часот ќе присуствуваат и претседателите Ердоган и Вучиќ.