Kaan Bozdoğan
10 Октомври 2024•Ажурирај: 11 Октомври 2024
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот Реџеп Таип Ердоган по контактите во Албанија со специјалниот авион „ТУР“ во 19.15 часот пристигна во Белград, главниот град на Србија, известува Анадолу.
Претседателот Ердоган на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ, амбасадорот на Туркије во Белград, Хами Аксој и генералниот конзул во Нови Пазар Осман Пешмен. По пристигнувањето Ердоган извесен период разговараше со членовите на делегацијата.
Заедно со претседателот на Туркије и неговата сопруга Емине Ердоган во Блеград пристигнаа министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за млади и спорт Осман Ашкин Бак, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли, министерот за трговија Омер Болат, министерот за транспорт и Инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, директорот за комуникации во Кабинетот на претседателот, Фахретин Алтун, директорот на Националната служба за разузнавање Ибрахим Калин, главниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот Акиф Чагатај Килич и претседателот на одбранбената индустрија Халук Ѓорѓун.
По пристигнувањето во Белград, претседателот Ердоган замина во хотелот каде што ќе престојува.