Aida Cako
15 Јануари 2026•Ажурирај: 15 Јануари 2026
СВИШТОВ (AA) – Баржа натоварена со азотни хемиски ѓубрива делумно потона во реката Дунав во близина на бугарскиот град Свиштов, предизвикувајќи сериозна загриженост за можна еколошка катастрофа, јавува Анадолу.
Инцидентот се случил денес кога баржата што превезувала големо количество индустриски ѓубрива, 1.133 тони, заглавила во реката и почнала да тоне, оставајќи дел од товарот во ризик да дојде во контакт со водата.
Ваквиот тип хемикалии може сериозно да го загрози квалитетот на водата и да има штетно влијание врз водниот екосистем и живиот свет во Дунав.
И покрај потенцијалната опасност од загадување, баржата сè уште е оставена на местото на инцидентот, без започната активна операција за негово извлекување или отстранување.