Балкан

Аџилак 2018: БиХ и Македонија со највисока цена, Албанија со најниска цена

Според податоците кои Anadolu Agency (AA) ги доби од надлежните верски институции во земјите во регионот, за извршување на овој верски обред, аџиите ќе плаќаат повисока цена во споредба со минатата година.

Ekip  | 23.06.2018 - Обновена : 25.06.2018
Аџилак 2018: БиХ и Македонија со највисока цена, Албанија со најниска цена

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Институциите од балканскиот регион надлежни за организирање на аџилакот, една од петте темелни должности во исламот, веќе започнаа со подготовки, а продолжува и понатаму пријавувањето на заинтересираните за аџилак. Заминувањето на муслиманските верници во Хаџ од регионот ќе се одржи во текот на следниот месец.

Според податоците кои Anadolu Agency (AA) ги доби од надлежните верски институции во земјите во регионот, за извршување на овој верски обред, аџиите ќе плаќаат повисока цена во споредба со минатата година. Според верските заедници во земјите во регионот, зголемувањето на цените за извршување на аџилакот доаѓа како резултат на зголемувањето на цените во Саудиска Арабија.

Највисока цена за аџилак ќе плаќаат верниците од Босна и Херцеговина (4.200 евра), и Македонија (4.100 евра), додека верниците од Албанија ќе плаќаат најниска цена од 3.500 евра.

- Македонија со зголемена цена за околу 720 евра

Од Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ) за АА истакнаа дека за аџилак оваа година аџиите во земјата ќе треба да платат по 4.100 евра, цена која минатата година беше 3.900 долари (околу 3.380 евра), што значи дека аџилакот оваа година ќе биде за околу 720 евра поскап во споредба со минатата година.

„Подобрени хотелски услови, посигурни и комотни патувања, зголемување на цената на различни даноци и престојот во Арафат, диктира една цена малку повисока од 2017 година“, велат од ИВЗ.

Од ИВЗ рекоа дека пријавувањето за аџилак е во тек, а дека тргнувањето ќе биде на 9 и 10 август. Оваа година се очекува бројот на аџиите да достигне 1.000 лица, додека минатата година на аџилак биле 840 аџии.

- Косово со повисока цена за 400 евра

Од Дирекцијата за аџилак и умра при Исламската заедница на Косово (БИК) за АА информираа дека цената за оваа година е 3.800 евра. Оваа цена има разлика од минатата година, односно забележа пораст од 400 евра во споредба со минатата година, кога цената беше 3.400 евра.

„Причината на зголемување на цените е дека цените во Саудиска Арабија се зголемени, бидејќи за првпат се воведени и ДДВ и други даноци во Саудиска Арабија, нешто што не постоело претходно“, велат од БИК.

Се очекува дека бројот на аџиите оваа година, ќе биде околу 1.100 лица.

- Албанија со најниска цена во регионот

Според податоците на Заедницата на муслиманите во Албанија, цената за аџилак за 2018 година е 3.500 евра, додека оваа цена во 2017 година беше 3.000 евра, што значи дека аџиите оваа година ќе платат по 500 евра повеќе.

Пријавувањето за аџилак во земјата продолжува до 26 јуни 2018 година, а ќе има и продолжување на крајниот рок.

- Босна и Херцеговина: Највисока цена за аџилак

Директорот на Канцеларијата за хаџ и умра, мудерис Незим Халиловиќ, за AA потврди дека оваа година аџилак ќе извршат најмалку 1.680 верници од БиХ. Минатата година аџилак извршиле 1.738, а една година претходно, 1.407 верници. 

Халиловиќ додаде дека тргнувањето на аџилак од БиХ е планирано од 8 до 10 август, а враќањето од 27 до 30 август. Цената на аџилакот за верниците од БиХ изнесува 8.150 конвертибилни марки (4.200 евра), а во цената, освен сместувањето, храната и другите трошоци, вклучени се и сите неопходни такси.

-Србија: Аџиите ќе патуваат со директен лет

„Од Србија најмалку 235 верници оваа година ќе одат на аџилак“, изјави за АА поглаварот на Исламската заедница на Србија, Сеад Насуфовиќ.

Како што објасни тој, оваа бројка не е конечна, бидејќи постојат голем број аџии, односно Арапи од Србија кои сакаат да одат на аџилак.

Заминувањето на аџилак ќе биде организирано помеѓу 10 и 15 август, а тоа што е новина во однос на претходните години е што верниците ќе патуваат со директен лет. Насуфовиќ истакна и дека цената на заминување и престојот на аџилак е најниска во регионот и изнесува 3.600 евра.

- Црна Гора: На аџилак заминуваат над 50 лица

За заминување на аџилак во Мека и Медина оваа година, сè до денеска пријавени се 54 верници од Црна Гора. Повикот за пријави е сè уште отворен, а во Исламската заедница на Црна Гора очекуваат дека конечната бројка ќе биде околу 60 верници.

Цената на аранжманот за одење на аџилак е поголема во однос на досегашната, за 300 евра, и изнесува 3.800 евра. Во рамките на аранжманот, на идните аџии им е обезбедена повратна авионска карта, превоз со автобус до аеродром, превоз со автобус до Мека и Медина, хотелско сместување, храна, курбан, ихрам, придружба од водич, теолог и лекар.

Минатата година од Црна Гора на аџилак имаше 83 верници, додека една година претходно, во 2016, таа бројка изнесуваше 50.

- Хрватска: Петнаесетина граѓани одат на аџилак

Од Мешихатот на Исламската заедница во Загреб рекоа дека оваа година очекуваат петнаесетина лица кои во организација на ИЗ ќе отпатуваат на аџилак.

Станува збор за речиси двојно поголем број на аџии во однос на минатата 2017 година. Можноста за пријавување на хрватските граѓани за патување на аџилак е сè уште отворена, информираа од ИЗ, така што конечната бројка сè уште не е дефинирана.

Ниту цената на патниот аранжман не е дефинирана, бидејќи се очекува дека аџиите од Хрватска, поради нивната малубројност, ќе се придружат кон поголемиот број граѓани на БиХ, па цената ќе биде иста како и за граѓаните од оваа земја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın