Балкан

Турција му подаде рака на помош на 8-годишното дете од Македонија

Малиот Бетим, заедно со неговите родители, мајката Нериман и таткото Аднан, биле во потрага по лекување за неговата болест, па така во март се запознале со ректорката Чакар и градоначалникот Ај, на кои им ја пренеле состојбата на малиот Бетим.

Tayyib Hoşbaş  | 23.06.2018 - Обновена : 24.06.2018
Турција му подаде рака на помош на 8-годишното дете од Македонија

Düzce

ДУЗЏЕ (АА) - Бетим Сејфула, 8-годишно дете од Македонија, кое има генетска болест, и со кое ректорката на Универзитетот во Дузџе, Турција, проф. д-р Ниѓар Демирџан Чакар, и градоначалникот на општина Дузџе, Дурсун Ај, се запознаа за време на нивната посета на Македонија, пристигна во турскиот град Дузџе каде што ќе му се направат тестирања зе неговото лекување, јавува Anadolu Agency (AA).

Малиот Бетим, заедно со неговите родители, мајката Нериман и таткото Аднан, биле во потрага по лекување за неговата болест, па така во март се запознале со ректорката Чакар и градоначалникот Ај, на кои им ја пренеле состојбата на малиот Бетим.

Ова семејство од Македонија е пречекано во Универзитетската болница во Дузџе, додека лекувањето на Бетим, за кое се направени испитувањата, ќе биде следено од страна на ректорката Чакар.

Ректорката Чакар, изјави дека за време на нивната посета на Македонија, во Скопје им било упатено барање за лекувањето на Бетим Сејфула, а потоа откриле дека малото дете има генетски проблем и проблем со развојот.

„Откако рекоа дека не постојат можности за лекување во Македонија, сакавме да му помогнеме. По нашата посета, контактиравме за да дознаеме дали се извршени потребните тестирања тука, а потоа ги направивме сите тестирања со можностите на нашата земја и болница“, додаде Чакар, која рече дека Турција подарува рака на помош во сите места кои имаат потреба од тоа.

„Видовме дека нашата земја е една социјална држава, и видовме колку е развиена со сите нејзини можности, од здравството, сè до социјалните политики. Упативме благодарност за овие можности“, нагласи таа.

Мајката на Бетим, Нериман Сејфула, нагласи дека лекувањето на нејзиниот син не било возможно во Македонија, и дека затоа Турција подарила рака на помош.

„Мојот син, кога беше уште помал, не можеше да зборува, но подоцна започна. Одиме на лекар од 2013 година. Бетим има и епилепсија, се лекува. Лекарот во Македонија сакаше да направи анализи, но таа анализа не може да се направи во Македонија. Дојдовме во Турција и ги направивме нашите анализи. Упатувам благодарност до сите“, рече мајката Сејфула.

Градоначалникот Ај, меѓу другото, по лекувањето го посети малиот Бетим и му даде подарок.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.