Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
Балкан

Археолозите кај Нови Пазар пронајдоа заеднички гробишта на христијани и муслимани

Начинот на погребување на откриената некропола е феномен кој досега не им бил познат на археолозите.
Medin Haliloviç
06 Октомври 2018•Ажурирај: 07 Октомври 2018
Археолозите кај Нови Пазар пронајдоа заеднички гробишта на христијани и муслимани
Serbia

НОВИ ПАЗАР (AA) - Во близина на Петровата црква во Нови Пазар археолозите пронашле гробишта од среден век, во кои, врз основа на првите анализи, се закопувале христијани и муслимани. Досегашните археолошки истражувања покажаа дека ова е важно наоѓалиште и прв ваков пример на Балканот, јавува Anadolu Agency (AA).

Според зборовите на археолозите од музејот „Рас“ во Нови Пазар при Археолошкиот институт во Белград, кои раководат со археолошките истражувања на ова место, за првпат на ова подрачје, за овој период се констатира и спефицичен начин на обележување на гробните места, на тој начин што со поставување на камен и камена плоча на местото на главата и нозете на починатиот, се обележувало гробното место.

Археолозите ангажирани на ова истражување кое преку проект го поддржува Министерството за култура и информирање на Република Србија, сметаат дека „или истражувачите сѐ уште не регистрирале таков начин на обележување на гробните места, или нивните резултати не се публицирани и не ѝ се познати на стручната јавност“.

Според нивните проценки, а врз онова на археолошките наоди кои се пронајдени во самите гробишта и околу нив, оваа некропола би можела да се смести во периодот од 14 до 18 век.

Владан Водосављевиќ, археолог на музејот „Рас“ во Нови Пазар вели дека врз основа на ориентацијата на гробните места на локалитетот „Подлабоко над куќата“, може да се заклучи и да се даде интерпретација дека покрај христијанското, на истите гробишта се погребувало и муслиманско население.

„Пронајдовме неколку гробови чија ориентација е спротивна од останатите. Овие скелети се ориентирани во правец југоисток-северозапад, и тоа нѐ наведе на заклучок да помислиме дека на овие гробишта се закопувало и население кое го примило исламот. Со сигурност ДНК-анализите ќе можат да потврдат дека постоело некое население, дека тоа во еден момент го примило исламот и дека продолжило да се погребува таму каде што се погребувале и неговите предци“, рече Видосављевиќ, истакнувајќи дека врз основа на досегашните археолошки истражувања не е познато дека вакво нешто е откриено и на останатите гробишта.

На некрополата се истражени повеќе од 120 гробни места и немало голем број археолошки наоди. Досега се пронајдени пари, метални алки, прстени, керамички садови, копчиња од облека, фрагментирани надгробни споменици, едноставно декорирани хоризонтални надгробни плочи, две вертикални плочи: на едната е крст, а на другата човечка фигура.

Говорејќи за антрополошкото значење на локалитетот, Угљеша Војводиќ од Археолошкиот институт во Белград смета дека овој локалитет е важен поради тоа што пружа нови податоци за популацијата која живеела на овој простор, како и поради податоците кои не ги даваат историските извори.

„Она што ни го пружаат средновековните повелби и турските дефтери не сведочат за постоење на вакви гробишта, а тоа ни говори за тоа дека во близина се наоѓала некоја голема населба. Постоењето на неколку некрополи на ова место говори дека овој простор помеѓу 14 и 18 век бил многу силен и дека постоела бројна популација“, објаснува Војводиќ.

Како што додава, откако скелетите ќе бидат испитани на Археолошкиот институт во Белград, ќе се дојде до антрополошките податоци за тоа како луѓето во тоа време живееле на овој простор, кои им биле навиките, просечната старост, телесна висина, дали умирале од природна смрт или од болест и слично.

Војводиќ укажува и дека за овој локалитет е карактеристично тоа што за време на погребувањето на починатиот, со цел заштита на телото на покојникот, над него е поставувана дрвена штица. Исто така, во еден гроб уште минатата година, во карличниот дел на еден скелет, како што сега се смета, пронајдено е жито, што претставува вид на обред во врска со погреб.

„Тоа секако е еден феномен со кој би требало да се занимаваат колеги етнолози и археолози и да дојдеме до заеднички заклучок. Тоа досега не ни било вообичаено и познато“, констатира Војводиќ.

Тој додава дека со цел истражување на овој простор, се обидуваат да вклучат што повеќе експерти од различни установи, како и оние надвор од Србија кои се заинтересирани за овие простори.

На ископувањата се ангажирани студенти од Археологија на Филозофскиот факултет во Белград и земјите од регионот, а поради пиететот кон починатите, посмртните остатоци од оваа некропола, по анализите во Археолошкиот институт во Белград, ќе бидат вратени на местата каде што се пронајдени.

Локалитетот со некрополата е откриен случајно во 2011 година, во текот на изградбата на локалниот пат од Петрова црква до новите православни гробишта во Нови Пазар.

related_topics:
ХристијаниНови ПазармуслиманигробиштаАрхелошки институт Белград
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
На децата во Гостивар им е поделено списанието „Minika Go” од Турција

На децата во Гостивар им е поделено списанието „Minika Go” од Турција

Следно

Столтенберг допатува во посета на Србија

Столтенберг допатува во посета на Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонска фризерка од исечена коса создава уметнички портрети на славни

Францускиот претседател Макрон изјави дека нема да остане во политиката по завршувањето на мандатот

Голем пожар зафати историска црква во Њујорк

Израел изврши нови напади врз Јужен Либан и покрај продолжувањето на прекинот на огнот

„Кралот на цитрусите“ од Тунис: Тезга што стана туристичка атракција

Љубов посилна од болест: По 63 години заедништво, во ист ден на операција и повторно на нозе

Детство меѓу депонии: Суровата реалност на децата во Газа што растат меѓу урнатините

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ во Нови Пазар: Посакувам со Давутоглу во Белград следната недела да дојде и Звиздиќ

Вучиќ во Нови Пазар: Посакувам со Давутоглу во Белград следната недела да дојде и Звиздиќ

Поради магла откажан состанокот на Давутоглу, Вучиќ и Звиздиќ во Нови Пазар

Поради магла откажан состанокот на Давутоглу, Вучиќ и Звиздиќ во Нови Пазар

"Кај и да си, за Бадник дома да си" - Православните Христијани го чекаат празникот Божиќ

"Кај и да си, за Бадник дома да си" - Православните Христијани го чекаат празникот Божиќ

Британските муслимани ги поканија немуслиманите на дружење со кафе и чај

Британските муслимани ги поканија немуслиманите на дружење со кафе и чај

 Поради судирите и тероризмот Ирак го напуштиле 80 отсто од христијаните

Поради судирите и тероризмот Ирак го напуштиле 80 отсто од христијаните

„Исламофобијата е болест која ги исклучува муслиманите во земјите од Западот”

„Исламофобијата е болест која ги исклучува муслиманите во земјите од Западот”

На муслиманите од Балканот им е потребна поддршката од исламскиот свет

На муслиманите од Балканот им е потребна поддршката од исламскиот свет

„Кан e исклучок кога станува збор за забраната за влез на муслимани во САД”

„Кан e исклучок кога станува збор за забраната за влез на муслимани во САД”

Обама: Незнаењето не е доблест, ниту во политиката, ниту во реалниот живот

Обама: Незнаењето не е доблест, ниту во политиката, ниту во реалниот живот

Дино Мерлин пред околу пет илјади фанови одржа концерт во Нови Пазар

Дино Мерлин пред околу пет илјади фанови одржа концерт во Нови Пазар