Балкан, Коронавирус

Албанскиот премиер Рама за вакцинацијата против Ковид-19: „Денес е посебен ден“

На прес-конференција, премиерот на Албанија, Еди Рама, и министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, зборуваа за аспектите на кампањата за вакцинација

Fatjon Cuka  | 11.01.2021 - Обновена : 11.01.2021
Албанскиот премиер Рама за вакцинацијата против Ковид-19: „Денес е посебен ден“ Фото: Olsi Shehu/AA

ТИРАНА (АА) - Албанија денеска ја започнува кампањата за вакцинација против новиот коронавирус (Ковид-19), која првично ќе се реализира на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана, јавува Anadolu Agency (AA).

На прес-конференција, премиерот на Албанија, Еди Рама, и министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, зборуваа за аспектите на кампањата за вакцинација.

Рама, за време на својот говор истакна дека и тој самиот ќе ја прими вакцината, додавајќи дека денес е посебен ден „затоа што започнуваме со спроведување на кампањата ‘Албанија се насмевнува’ со вакцинацијата против Ковид“.

„Се чуствувам навистина олеснето поради фактот дека не само што успеавме да достигнеме да гарантираме 500 илјади дози од вакцината на Фајзер во нималку лесни услови, но исто така, и да го осигураме почнувањето на вакцинацијата пред рокот благодарение на билатералните односи вклучени во овој процес, каде фактички стратегија и насоката определени од Европската Унија за да се инвестира во шемата на КОВАКС резултираше со тоа ние денеска да зборуваме за една насока временски неопределена“, рече Рама.

Тој понатаму истакна дека се интензивно ангажирани и со други канали.

„Успеавме да контактираме со „Фајзер“ директно во Њујорк и да отвориме канал на тешки интензивни преговори поради објективни невозможности. Во истовреме, отворивме уште четири билатерални канали со четири земји и вакцинацијата што ја започнавме денес е прв резултат на еден од билатералните канали со земја од Европската Унија, но не сум овластен да кажам за која земја станува збор и тоа заради нивно сопствено барање. Бидејќи е сосема погрешно кажано дека станува збор за Грција, можам да ви кажам дека ‘Не, таа земја не е Грција’“, рече премиерот Рама.

Министерката Манастирлиу рече дека планот за вакцинација вклучува неколку аспекти, каде, според неа, главниот аспект е поврзан со приоритетите на групите што ќе бидат вакцинирани.

Таа рече дека вакцинацијата ќе започне со здравствени работници и старите лица и оние со повеќе здравствени проблеми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.