наука и технологија, Балкан

Албанија се очекува наредната година да лансира свој сателит во вселената

Првиот сателит „Албанија 1“ во вселената ќе биде лансиран во март наредната година

Fatjon Cuka  | 20.10.2021 - Обновена : 21.10.2021
Албанија се очекува наредната година да лансира свој сателит во вселената

ТИРАНА (АА) - Албанија се очекува наредната година да лансира свој сателит во вселената. Тоа е потврдено преку видеоснимка објавена на социјалните мрежи од страна на премиерот на Албанија, Еди Рама, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите на Кабинетот на албанскиот премиер, во видеоснимката се прикажува разговорот на Рама со еден од претставниците на компанијата која ќе го овозможи лансирањето на сателитите.

На оваа снимка на која првин се прикажува снимка од лансирањето на „Спејкс фалкон 9“, се потврдува дека првиот сателит „Албанија 1“ во вселената ќе биде лансиран во март наредната година.

Вториот сателит „Албанија 2“, според видеоснимката, ќе се лансира во јуни наредната година.

„Албанија во орбитата. Неверојатно, но вистина“, истакна Рама во видеоснимката.

Во видеоснимката не се споделени повеќе детали за местото на лансирањето на сателитите и нивниот вид.

Потсетуваме, пред неколку дена Рама соопшти дека Албанија ќе има свои сателити со цел зајакнување на контролата врз целата територија на земјата.

Според Рама, сателитите ќе се користат за прашања во врска со цивилните работи на Албанија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın