Agim Sulaj
20 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Вкупниот број смртни случаи во земјата останува иста, односно 2.974, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 14 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 160.572.
Во последните 24 часа се направени 2.140 тестирањa за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 1.248.092 тестирањa.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 157.083 лица. Во моментов во земјата има 515 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 1.514.370 дози од вакцините против Ковид-19.