Malik Hasa
09 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
ТИРАНА (АА) - Полицијата во Албанија заплени во еден од трите поранешни магацини на државните резерви во село Пагри во општина Пермет 11.650 килограми наркотична супстанца, канабис, јавува Anadolu Agency (AA).
Во официјалното соопштение објавено денеска, дирекцијата на државната полиција на Албанија потврди дека во текот на операцијата биле уапсени двајца вработени во овие магацини, и дека е приведено уште едно лице.
Според соопштението, операцијата е извршена од страна на посебната единица од Дирекцијата за борба против наркотици, локалната управа на полицијата во Ѓирокастро и полицијата на Пермет.