Furkan Abdula
09 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Денес во Скопје, на просторот пред тврдината Кале се собра група млади луѓе, кои испратија порака дека ги поддржуваат младите од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
На просторот пред тврдината Кале во Скопје, се собраа учениците од културниот и образовен центар Акабе, сакајќи да покажат дека ги поддржуваат своите врсници од Сирија и дека се солидаризираат со нив.
Во знак на поддршка на сирискиот народ, кој пред неколку дена беше жртва на напад со хемиско оружје, особено на децата од Сирија, учениците од листови хартија ја подготвија пораката: „Спасете ја Сирија” (SAVE SYRIA) и истакнувајќи ја својата загриженост ја испратија следната порака: „За свет во кој ќе доминира мирот, за свет без хемиско оружје, ги поддржуваме нашите врсници од Сирија”.
Арлинда Есати Бела, една од претставниците на образовниот центар, истакна дека ова го направиле со цел да го искажат своето незадоволство за Сиријците кои се жртви на нападите.
„Во знак на протест за тагата што ја видовме на лицата на сириските деца, учениците од центарот Акабе се собраа на овој простор со цел да пратат порака за мир во светот, особено за сирискиот народ и сириските деца”, изјави Бела.
Во ужасниот напад со хемиско оружје, кој беше извршен во вторникот во сирискиот град Идлиб, околу 100 цивили загинаа, претежно жени и деца, а околу 500 луѓе ги почувствуваа последиците од нападите.