Fatjon Cuka
09 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија, вкупниот број на случаи со новиот коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 856 со потврдувањето на 6 нови случаи, додека бројот на закрепнати продолжува да расте, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека во последните 24 часа се тестирани 224 сомнителни лица.
„Во последните неколку дена имаме подобрување на состојбата и во болниците. Од почетокот до денес, како позитивни на Ковид-19 се потврдени 856 граѓани низ целата земја. Од нив, оздравени се 627 граѓани, или над 70 отсто. Во моментов има 198 активни лица со Ковид-19 во целата земја“, се вели во соопштението на Министерството.
Според Министерството, помалку од 15 проценти од активните случаи се лекуваат во болниците, додека останатите се следат од матичните лекари.
Досега во Албанија извршени се вкупно 10.268 тестирања, а бројот на починати од вирусот изнесува 31 лице.