Fatjon Cuka
23 Октомври 2020•Ажурирај: 24 Октомври 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија во последните 24 часа се регистрирани 306 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), додека како последица на овој вирус починаа уште 4 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во земјата откриени се вкупно 18.556 случаи со овој вирус, додека како последица на пандемијата досега починаа вкупно 469 лица.
Во последните 24 часа оздравеа уште 150 лица, со што вкупната бројка на оздравени се зголеми на 10.466.
Моментално во Албанија има 7.621 активен случај.
Во земјата досега се извршени 114.381 тестирања за Ковид-19.