Fatjon Cuka
27 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија откриени се уште 10 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на случаи во земјата се зголеми на 736 лица, меѓу кои се и починатите и излекуваните лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа тестирани се 212 сомнителни лица, од кои 10 се позитивни на Ковид-19.
„Досега се тестирани 7.491 сомнителен случај, од кои вкупно 736 се позитивни на Ковид-19. Моментално се наоѓаат 286 активни случаи со Ковид-19. Стапката на излекуваните лица е повисока. Досега 28 граѓани ја загубија битката со оваа болест“, се вели во соопштението.
Се додава дека во последните 24 часа излекувани се уште 12 лица, со што вкупниот број на излекувани во земјата се зголеми на 422.
Меѓу другото, почнувајќи од денеска, институциите ги олеснија мерките за ограничување, според кои, времетраењето за движење на граѓаните ќе се зголеми од 90 минути на 2 часа за купување прехранбени производи, лекови или за итни случаи.