Mustafa Melih Ahıshalı
27 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Во Иран, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 96 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 5.806, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската државна телевизија, портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, соопштил дека од Ковид-19 во последните 24 часа починале 96 лица.
Џиханпур, наведувајќи дека вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголемил на 5.806, рече дека бројот на заболени се искачил на 91.472, со зголемување од нови 991 случај во последните 24 часа.
Наведувајќи дека 3.011 пациенти се во критична состојба, Џиханпур рече дека досега во земјата излекувани и отпуштени од болница се вкупно 60.933 лица.
Ковид-19 за првпат во Иран е откриен во градот Ком на 19 февруари.