Fatjon Cuka
13 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Албанија се искачи на 33 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку соопштение го потврди Министерството за здравство и социјална заштита на земјата.
Во соопштението се наведува дека вкупно биле тестирани 457 лица, од кои 33 резултирале позитивно, меѓу кои и еден лекар.
„Досега 33 случаи се позитивни на Ковид-19“, се нагласува во соопштението.
Се вели дека 19 од овие случаи се откриени во Тирана, 5 во Драч (од кои еден починат), 4 во Фиер, и по два случаја се откриени во Елбасан, Рогожина и Лушње.
Инаку, на 11 март во Албанија од Ковид-19 почина едно 73-годишно лице.