Stipe Majic
13 Март 2020•Ажурирај: 14 Март 2020
ЗАГРЕБ (AA) - Центарот за цивилна заштита на Република Хрватска соопшти дека во оваа земја се откриени четири новозаболени случаи на зараза со новиот тип коронавирус, со што бројот на заразените лица во Хрватска порасна на 31, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Република Хрватска, Вили Берош, на редовната прес-конференција истакна дека Хрватска од синоќа има четири нови заболени, односно вкупно 31 лице со Ковид-19 досега.
Станува збор за двајца пациенти во Пула и двајца во Загреб. Тројца пациенти се блиски контакти, а еден пациент е импортиран од соседна држава.
Во Хрватска за 525 пациенти се очекувааат наоди, а под надзор и посебни епидемиолошки мерки се околу 5.900 лица.