Admir Fazlagikj
07 Септември 2018•Ажурирај: 07 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој денеска престојува во официјална посета на Република Македонија, на платото пред Владата беше пречекан со свечена церемонија од страна на премиерот на Република Македонија Зоран Заев, јавува Anadolu Agency (AA).
Курц во посета на Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.
За време на последната посета на премиерот Заев на австрискиот главен град Виена, на крајот на јуни месец оваа година, Курц, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за прифаќање на Договорот со Грција што ќе го отвори патото кон Унијата и НАТО.
Инаку, во пресрет на референдумот кој треба да се одржи на 30 септември оваа година, вчера во Македонија беа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн, а утре на Денот на независноста на Македонија, најавена е и посета на германската канцеларка Ангела Меркел.